„Топчиите“ го торпедираа Стандард, дербито на вечерта за Лацио

twitter/uefaeuropaleague

Екипата на Арсенал, за разлика од вториот англиски фаворит за трофејот, Манчестер јунајтед, не греши и дојде до втората победа во Лигата на Европа. „Топчиите“ без многу мака со убедливи 4:0 го совладаа Стандард Лиеж, а во главната улога беше младиот Мартинели кој постигна два гола. Вилкок и Себаљос беа стрелци на преостанатите два гола со кои „топчиите“ имаат максимален ефект по двете кола.

Лацио се извади за киксот во првото коло и во дербито на вечерта со 2:1 го победи Рен. Францускиот тим поведе во 55 минута преку Морел, но одговорот на „лацијалите“ беше експресен. Прво Милинковиќ-Савиќ во 64.минута го израмни резултатот, а победата за римскиот тим ја донесе Имобиле девет минути подоцна.

Убедлив триумф како гостин оствари и ПСВ кој со 1:4 славеше во Норвешка кај Розенборг.

Резултати:
Арсенал – Стандард 4:0
Селтик – Клуж 2:0
Гимараеш – Ајнтрахт 0:1
Краснодар – Хетафе 1:2
Лацио – Рен 2:1
Лугано – Динамо Киев 0:0
Малме – Копенхаген 1:1
Розенборг – ПСВ 1:4
Севиља – АПОЕЛ 1:0
Спортинг – ЛАСК 2:1
Трабзонспор – Базел 2:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот