Фото: Топ ченел/ принтскрин

Топ ченел: За 960 евра во Албанија до лажно уверение за бугарско потекло

Истражувачката програма „Фикс Фаре“ на албанската телевизија „Топ ченел“ во својата сторија објавена синоќа докажа колку е лесно да се купи уверение за бугарско потекло во Острен во Булќиза, без оглед какво потекло реално имате. Оваа нелегална шема, наводно ја користат албански граѓани за да добијат пасош на ЕУ.

Како што објави „Топ ченел“, нивни новинари за 100 илјади леки, односно околу 960 евра купиле две такви уверенија со потпис и печат од администраторот на Острен, Луан Мјештри.

Уверенијата се добиени со доставување фотокопии од потврди на жител на Патос, со баба и дедо од Управната единица Требиш, а втората за жител на Штерблева, со баба и дедо од Стерблева и Либражд во централна Албанија. Потеклото на двете семејства немало никаква врска со Управната единица Острен.

Овие уверенија се издаваат за суми од 90 или 100 илјади леки (950-960 евра) и се користат за добивање бугарски пасош.

„Фикс Фаре“ ги објави првите разговори со вработената во Административната единица Острен која за документот побарала 85.000 леки (околу 800 евра), при што кажала дека 50.000 леки (480 евра) се за потврда на автентичноста, а 35.000 леки (околу 330 евра) за нотар.

Првата потврда покажала дека граѓанинот роден во Патос припаѓал на бугарското малцинство во Албанија, иако родителите на лицето биле од Челебија и Требишти, административна единица која не е поврзана со Острен.

Второто уверение е купено од генералниот секретар на општината, Фитим Бала, и е добиено за жител на Либражд. Родителите на вториот се родени во Штерблева, административна единица која не е поврзана со Острен.

Она што е важно, како што објави телевизијата, е што ниту еден закон не озвоможува администратот да издава уверенија за потекло на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот