Топ 10 најдобри диети во 2024 година! Првото место повторно го зазема „кралицата“ на најдобриот стил на јадење

Фото: Профимедиа

Во Новата година една од желбите и одлуките на луѓето кои мака мачат со килограмите е да ја средат линијата и да ослабат. Какви трендови на храна нè очекуваат во 2024 година?

Познатата медиумска компанија „ЈуЕс њус и ворлд репорт“ (The U.S. News & World Report) наведува дека најпопуларната диета и оваа година ќе биде медитеранската. Сè уште убедливо го држи првото место, а не е ни чудо, со оглед на тоа што го применуваат жителите на „сините зони“, каде што живеат најдолговечните луѓе – стогодишници.

Седма година по ред, медитеранската исхрана ја освојува титулата најдобра диета, според рангирањето за 2024 година.

Медитеранската диета исто така го зазеде првото место во категориите најлесна диета за следење, најдобра диета прилагодена на семејствата, најдобра диета за здрава исхрана и најдобра диета за дијабетес, здрава исхрана за коските и зглобовите и срцето, се наведува во извештајот.

Медитеранската исхрана, која главно се заснова на растителна храна, житарки и немасна живина и екстра девственото маслиново масло, го зазеде првото место во седум од 11 категории на исхрана, објави медиумската компанија пред неколку дена. Таа победи не само поради здравите намирници од кои се состои, туку е прогласена и за најдобра диета за превенција од дијабетес, за здравјето на срцето, здравјето на коските и зглобовите, туку и поради нејзината едноставност.

На менито на медитеранската исхрана има многу овошје, зеленчук, морска храна, риба, маслиново масло и житарки од цело зрно.

На второ место се најде диетата ДАСХ (DASH – диететски пристапи за запирање на хипертензијата), која се заснова на храна која е богата со хранливи материи кои го намалуваат крвниот притисок како што се калиум, калциум, магнезиум и влакна. Третото место го зазеде диетата „Мајнд“ (Mind) која ги комбинира првите две.

Погледнете ги топ 10-те најдобри диети во 2024 година:

1. Медитеранска диета
2. ДАСХ
3. Манјд диета
4. Диета на клиниката Мејо
5. Флекситаријанска диета
6. Вејт вочерс (WW) диета
7. Волуметрикс диета
8. Антивоспалителна диета
9. ТЛС (TLC) диета
10. Веганска

Претходна студија на Универзитетот Харвард вели дека медитеранската исхрана е една од четирите вообичаени шеми за здрава исхрана што може да помогне да се намали ризикот од рана смрт до 20 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот