Тони Цетински за животот во пандемија: Едвај преживeав, јас и сопругата живееме скромно

Фото: Инстаграм, Тони Цетински

Во разговор за радио „Далмација“, хрватскиот пејач Тони Цетински зборуваше за своите нови музички проекти, но и за приватниот живот и неговата нова животна улога како дедо.

Неодамна, тој ја промовираше својата нова музичка нумера „Чувам љубав“.

„Се работи за подлабока љубовна песна. Многу ми е драго што таа ги предизвика истите чувства кај публиката, како оние кои ги предизвика кај мене, и дека има повеќе од 100 000 прегледи на Јутјуб за само три дена“, изјави пејачот.

Со оглед на тоа што музичарите беа приморани да направат пауза од концерти по почетокот на пандемијата на коронавирусот, Цетински споделил дека „едвај преживеал“.

„Едвај преживеав. Не се работи за финансиите, бидејќи секој по 30-годишна кариера се навикнува да штеди. Јас и мојата сопруга го немаме тој животен стил, иако можеби на луѓето им се чини дека луѓето од естрадата живеат гламурозно. Ние живееме прилично скромно и нормално, ништо поинаку од обичните луѓе. Се обидуваме да не трошиме пари на глупости“, вели тој.

Минатата година, пејачот стана дедо, а со внуката се дружи преку видеоповици бидејќи неговиот син Кристијан живее во Германија.

„Едвај дочекав да можеме нормално да патуваме и сега го чекам вистинскиот момент за да отидам во Берлин. Тие живеат во Берлин и сѐ уште не сум ја видел внуката во живо. Секојдневно се гледаме преку видеоповици, си играме колку што е можно преку телефон, но морам да одам до Берлин и да ја прегрнам. Тогаш ќе ви кажам какво е чувството да се биде дедо“, сподели пејачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот