Том Круз никогаш не се борел за старателство над својата ќерка: Еве зошто се откажа од Сури!

Сури од својата шеста година живее со нејзината мајка, актерката Кејти Холмс која се споменува како главен „виновник“ за отуѓувањето на Том од неговата ќерка, покрај Скиентолошката црква!

Иако поминаа осум години од нивниот развод, бројни прашања остануваат неодговорени во врска со односот помеѓу Том Круз (58) и Кејти Холмс (41), кои за време на нивниот шестгодишен брак ја добија својата 14-годишна ќерка Сури. Контроверзниот актер, кој е и еден од најпознатите членови на Скиентолошката црква, во последните неколку години често беше мета на критики поради лошата врска со ќерката, а многу фанови му замеруваа што не се борел на суд.

Фото: Профимедиа

Иако низ медиумите кружеа различни теории зошто Том толку брзо се откажа од старателството над девојчето, според „Ентертејмент тајмс“, сега конечно се знае вистинската причина за одлуката на актерот.

Имено, кога поранешната двојка објави развод, на изненадување на многумина, беше постигнат договор за старателство над Сури за помалку од една недела, па тогаш, без драмски и медиумски препукувања, тие се согласија да имаат заедничко старателство. Сепак, набргу после тоа, Кејти се пресели во Њујорк со својата ќерка, и од тогаш, малото девојче и нејзиниот татко изгубиле контакт.

Фото: Профимедиа

Според споменатиот портал, причината за незаинтересираноста на Том и „кревањето раце“ од неговата ќерка лежи во фактот дека тој е член на Скиентолошката црква, која ги забранува неговите контакти со девојчето сите овие години, бидејќи и таа не е член на истата црква.

Иако самата црква негираше, во едно од интервјуата, актерот призна дека неговата поранешна сопруга поднела барање за развод затоа што се плашела токму од тоа – дека тој, со Скиентолошката црква, ќе има премногу влијание врз нивната ќерка, бидејќи неговите две постари деца, ќерката Изабела и синот Конор, кои беа посвоени додека беше во брак со Никол Кидман, се исто така членови на споменатата црква.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот