ФОТО | Том Хенкс нервозно викаше и мавташе со рацете на црвениот тепих во Кан, сопругата откри зошто

Фото: Профимедиа

Американскиот актер Том Хенкс (66) се најде во непријатна ситуација во вторникот пред премиерата на неговиот нов филм на Филмскиот фестивал во Кан. Хенкс бил на црвениот тепих со сопругата Рита Вилсон (66) кога почнал многу гласно да се расправа со еден вработен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)


Во пресрет на премиерата на неговиот филм „Asteroid City“, Хенкс на црвениот тепих пред сите викал, мавтал со рацете и го вперувал прстот кон непознат помлад човек на црвениот тепих и изгледало дека е многу фрустриран и лут.

Со мажот се расправала и сопругата на Хенкс, а тој, како што пишуваат британските медиуми, на секој можен начин се обидувал да ја смири ситуацијата.

По премиерата, сопругата на Хенкс откри што е проблемот и зошто Хенкс реагирал така. Вилсон тврди дека нејзиниот сопруг не се карал, туку дека било гласно и не ги слушнале упатствата.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Рита Вилсон

„Оваа ситуација се вика ‘Не те слушам. Луѓето врескаат. Што рече? Каде треба да одиме?’ Но, такво нешто нема да ја продаде приказната. Убав обид. Ние добро се забавувавме“, напишала Рита Вилсон на Инстаграм.

Потоа, Хенкс и Рита продолжиле да се дружат и да се фотографираат со своите пријатели и колешки.

ФОТО | „Љубовта е сѐ“: Најстабилниот пар во Холивуд прослави 35 години брак

ВИДЕО | Обожавателите загрижени: Том Хенкс не можел да го смири тресењето на раката додека го држел микрофонот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот