Ребека / Фото: Фејсбук/Ребека Јанковска - Ристески

Тој е носител на финансиите дома: Ребека се отвори за сопругот

Ребека Јанковска – Ристески се отвори за односот со својот сопруг, доктор Милан Ристески, и прозборе како им се поделени улогите дома.

Пејачката во емисијата „Нешто конкретно“ разговараше за тоа дали мажите треба да се остават да се одморат понекогаш.

„Тој е доктор и треба да го оставиме во некои моменти. Во мојот случај, тој е носител на сѐ дома што е поврзано со финансии и навистина верувам дека е загрижен, тоа е чиста вистина. Мојот сопруг и јас имаме различни професии. Јас сум уметник, а тој е доктор. Нема врска никако, ништо немаме заедничко во професиите, но најверојатно духовно сме многу поврзани. Тој сака музика исто, па некогаш мора да слуша што јас сакам да слушам… се шегувам, но во секој случај љубов да има, тоа е најважно“, рече пејачката и додаде дека, колку што е можно, работата не треба да се носи дома.

Во една прилика, Ребека, која е мајка на три сина и активистка за „Слободен печат“, зборуваше за борбата за лицата со посебни потреби.

„Борбата е многу тешка и продолжува за сите лица со попреченост и нивните семејства. Понекогаш имам чувство дека никој не сака да направи ништо повеќе за овие лица, како сите да бегаат од одговорност и преголемите обврски, системски измени што треба да се направат кога е во прашање оваа најранлива категорија луѓе. Треба да се создаде биро, министерство или агенција за лица со попреченост. Ние тапкаме во место со децении“, рече Ребека.

Интервју со Ребека Јанковска-Ристески, пејачка: Утрата кај баба ми и дедо ми за Велигден и денес ми се најубавиот спомен за празникот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот