Тодоровиќ оди во куќен притвор, вели дека не се чувствува виновен
На ексградоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ вечерва, по четири часа распит, Кривичниот суд му одреди куќен притвор.
Препорачано
Досега се изречени ефективни мерки притвор за четворица од седумтемина осомничени за малверзации со споменици од проектот „Скопје 2014“. 30-дневен притвор им е одреден на поранешниот претседател на Советот на општина Центар, Владимир Здравев и на неговиот брат, Александар Здравев, како и на Игор Секуловски и на Љупчо Бакев.
Здравев при апсењето беше затекнат на граница, а Тодоровиќ на аеродром.
На излегување од Судот, по распитот кај судија на претходна постапка, бизнисменот и поранешен градоначалник на Центар, според „Фокус“ кусо изјавил:
„Не се чувствувам виновен“.
Судот вечерва потврди дека освен Тодоровиќ, уште еден осомничен во случајот добил куќен притвор.
„Судија на претходна постапка, по произнесување на осомничените кои беа спроведени пред судот, во присуство на нивните бранители, во однос на предлогот на ЈО за определување мерка прирвор, донесе решенија со кои на В.Т. и Т.Д. им определи мерка куќен притвор, додека на Љ.Б.,В.З.,А.З. и З.П. им определи мерка притвор, за сите во траење од 30 дена“, информираа од Судот.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, потсетуваат од Кривичниот суд.


