Тодоров: Оптимист сум, Македонија нема да има проблем да се пласира на наредното ЕП

фото: fiba.basketball

Кошаркарската репрезентација на Македонија не успеа да обезбеди пласман на Европското првенство 2022 година, но селекторот Александар Тодоров гледа добри работи кои влеваат надеж во иднина. Репрезентацијата во Ненад Димитријевиќ доби нов лидер за наредните 10-тина години, а тука се и младите Симиќ, Савиќевиќ…
Тодоров смета дека Македонија сигурно ќе обезбеди пласман на наредниот Евробаскет кој ќе се игра за четири години.

– Чувствата се измешани, не успеавме да се пласираме на Европското првенство, но има и причина за задоволство. Посебно од аспект на доведување на нови лица во репрезентацијата, како и начинот на кој игравме на двата натпревари против Италија и оној против Естонија. Нема што да се прави, продолжуваме понатаму. Јас сум оптимист затоа што во иднина сите кошаркари кои сега имаат 17-18 години ќе бидат поискусни и верувам дека со помошта на поискусните играчи Македонија нема да има проблем да се пласира на наредното Европско првенство. Репрезентацијата горе-долу е таа – смета Тодоров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот