Тод Боли нема поим од фудбал: Газдата на Челси бара екипата да игра со 12 фудбалери?!

Тод Боли е новиот сопственик на Челси/ фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Англискиот премиерлигаш Челси доби нов сопственик во Тод Боли, но американскиот милијардер со своите потези покажа дека не го разбира фудбалот и од менаџерот барал да игра со играч повеќе од дозволеното.

Боли минатата недела по поразот на Челси од Динамо Загреб (1:0) на стартот од Лигата на шампионите, му врати отказ на менаџерот Томас Тухел иако една година претходно ја освои титулата во елитното европско натпреварување, а ова лето го остави без напаѓачи со продажбата на Тимо Вернер и испраќањето на позајмица на Ромелу Лукаку.

Овој потег на Боли не е прв кој ги излуде навивачите на Челси и со кој покажа дека не го разбира фудбалот. Пред почетокот на сезоната, тој имал состанок со Тухел и му предложил екипата да игра со 12 играчи, односно да игра во формација 4-4-3.

Но, ова не е единствен лапсус на Боли кој со купувањето на Челси се обврза дека ќе продолжи со развојот на фудбалската академија, која ја смета за една од најдобрите на светот.

– Од нашата академија произлегоа Мохамед Салах, Кевин де Брујне, Тами Абрахам, Рис Џејмс, Мејсон Маунт, Тревох Чалоба – биле зборовите на Боли.

Овие зборови на Боли не се точни бидејќи Салах во Челси пристигна од Базел, додека де Брујне од Генк, додека производ на академијата се Абрахам, Џејмс, Маунт и Чалоба.

Американецот во јавноста изнесе уште еден предлог кој наиде на негодување од јавноста, но и од навивачите иако смета така со него клубовите би заработиле повеќе пари, тој сака да се организира ол-стар натпревар по примерот на американските спортови.

– Бејзбол лигата (МЛБ) организираше ол-стар натпревар со кој заработи 200 милиони долари за два дена. Може да се организира натпревар помеѓу северот и југот во Премиер лигата и лесно да се заработат пари – рече Боли.

Тод Боли кон крајот на мај за 4.28 милијарди фунти го купи Челси од Абрамович. Рускиот милијардер беше принуден да го продаде Челси поради наметнатите санкции од владата на Обединетото Кралство поради неговите контакти со Кремљ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот