„Тоадзила“: Рекордно голема жаба пронајдена во Австралија

Фото QUEENSLAND DEPARTMENT OF ENVIRONMENT AND SCIENCE

Во дождовна шума во северна Австралија е пронајдена џиновскa жаба за која службенициte за диви животни мислеле дека е лажна. „Чудовиштето“ е шест пати поголемо од просечната жаба, тежи 2,7 килограми и би можел да собори светски рекорд, пишува Би-Би-Си.

Наречено „Тоадзила“, животното брзо било ставено во контејнер и отстрането од дивината.

Жабите – кои првпат биле пронајдени во Австралија во 1935 година – се едни од најштетните животни во таа земја и сега се проценува дека нивниот број е над 2 милијарди.

Кога чуварот на паркот Кајли Греј првпат го забележала масивниот водоземец додека била на патрола во Квинсленд, не можела да им верува на своите очи.

„Никогаш не сум видела ништо толку големо. Изгледаше речиси како фудбалска топка со нозе. Го нарековме Тоадзила“, изјави таа за австралиската радиодифузна корпорација.

Нејзиниот тим брзо го зароби животното – за кое се верува дека е женско – и се вратиле во базата за да го измерат. Актуелниот Гинисов рекорд за најголема жаба – 2,65 кг – бил поставен од домашно милениче во Шведска по име Принсен во 1991 година.

Греј вели дека овој џиновски примерок најверојатно се хранел со инсекти, рептили и мали цицачи.

„Жаба со таа големина ќе изеде се што може да собере во устата“, рече таа.

Жабите немаат природни предатори во Австралија, а отровните видови направија хаос на домородните животински популации. Греј не е сигурна колку години има оваа џиновска жаба – а видот може да живее до 15 години во дивината – но верува дека таа „постоела долго време“.

Оттогаш, Тоадзила е еутаназирана, како што е стандардна практика во Австралија за штетниците, и ќе биде донирана во музејот во Квинсленд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот