Тјери Анри: Меси треба да се врати во Барселона

фото: EPA/MATTEO BAZZI

Поранешниот напаѓач на Арсенал и Барселона, Тјери Анри, сега ТВ-коментатор, изјави дека Лионел Меси треба да се врати во каталонскиот гигант.

– Меси мора да се врати во Барселона поради љубовта кон фудбалот и поради начинот на кој го напушти клубот – изјави Анри за „Прајм Видео Спорт Франс“ пред натпреварот помеѓу сегашниот тим на Аргентинецот Пари Сен Жермен и Олимпик Лион.

ПСЖ загуби со 0:1 на домашен терен во 29 коло од француската „Лига 1“.

Пред средбата, кога беа објавени имињата на фудбалерите на Пари Сен Жермен, се слушнаа свирежи од дел од фановите на парижаните кон Меси.

– Вознемирувачки е да се слушнат овие свирежи. Не можете да исвиркате еден од најдобрите играчи, ако не и најдобриот играч во тимот со 13 гола и 13 асистенции. Сакам да го видам Лионел Меси како ја завршува кариерата во Барселона – рече Анри кој беше соиграч на Меси токму во редовите на клубот од „Камп Ноу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот