Тјери Анри има нов тренерски предизвик! (ФОТО)

twitter.com/mashable

Тјери Анри (42) потпиша договор на две години со Монтреал Импакт со опција за продолжување на истиот за 2022.

Во регуларниот дел од сезоната во американската МЛС лига екипата не успеа да обезбеди плеј-оф, односно заврши на деветтата позиција во Источната конференција.

Во овој клуб настапуваат две звучни имиња, поранешниот играч на Барселона, Бојан Кркиќ, и екс играчот на Арсенал, Бакари Сања.

Како професионален фудбалер ги бранеше боите на Монако, Јувентус, Арсенал, Барселона и Њујорк Ред Булс.

Претходно беше асистент во белгиската сениорска репрезентација, а првиот тренерски ангажман го имаше во Монако кој го водеше 20 натпревари, од октомври до јануари, но доби отказ после серијата лоши игри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот