Тите: Време е Бразил да триумфира на Светско првенство

Селекторот на Бразил, Тите/фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

До почетокот на Светското првенство во Катар остануваат уште точно пет месеци, а еден од главните фаворити за титулата е Бразил чиј селектор е Тите ветува во триумф на „кариоките“.

Бразил на шестата титула светски шампион чека точно две децении, „кариоките“ последен пат триумфираа на Мундијалот во Јужна Кореја и Јапонија во 2002 година кога дојдоа до рекордниот петти трофеј.

На последното СП во Русија 2018 година, Бразил загуби од Белгија во четвртфиналето, а селекторот Тите верува дека на претстојниот Мундијал неговите фудбалери ќе триумфираат.

Оптимизмот кај селекторот го зголемува податокот дека неговите фудбалерите во квалификациите освоија рекордни 45 бодови.

– Се пласиравме на СП, а сега е време да го освоиме.Очекувањата се големи, но ние сме фокусирани на остварување на целта. Имам одлични соработници, голема поддршка ми е и сопругата – рече Тите во интевјуто за „Гардијан“.

Селекторот вели дека критиките од навивачите поради поразот во финалето на Копа Америка минатата година се без причини.

– Бевме шампиони на Јужна Америка 2019 година, ја имаме најдолгата серија без пораз во квалификациите за Светските првенства (29 натпревари вез пораз), постигнавме повеќе голови од Аргентина. Но што сакаат луѓето? Јужноамериканските квалификации за СП се тешки.

Тите зборуваше и за Нејмар кого го смета најдобар бразилски фудбалер на денешницата и кој најави повлекување од репрезентацијата.

– Нејмар е нашата најголема ѕвезда. Сега тој во репрезентацијата има фудбалери кои исто така можат да блеснат. Нејмар го разбира сето тоа, го охрабрува тимот да продолжи да расте и тоа е неговата големина. Што се однесува до неговата изјава за повлекувањето, тие зборови беа извадени од контекст. Разговарав со сите играчи, вклучувајќи го и Нејмар. Јавноста секогаш очекува најмногу од него, но тој не е единствената ѕвезда, тука се Винисиус, Рафиња, Пакета, Каземиро, Фабињо.

Бразил на СП во Катар ќе игра во групата Г со Србија, Швајцарија и Камерун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот