Тимоти Шаламе го собори рекордот што го држеше Џон Траволта цели 45 години

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Британски Вог

Тимоти Шаламе се прослави со улогата во драмата „Викај ме по твоето име“ (Call Me By Your Name) од 2017 година, а во период од само седум години стана најбараниот млад актер во Холивуд.

Како што пишува порталот „Дексерто“, Шаламет штотуку го соборил рекордот што го држел само еден актер пред него.

Благодарение на главните улоги во филмовите „Дина: Втор дел“ (Dune: Part Two), чија премиера беше на почетокот на месецот и „Вонка“ (Wonka), кој имаше премиера во декември, Тимоте Шаламе се појави во два блокбастери за помалку од осум месеци еден по друг.

Пред него, тоа му успеа само на Џон Траволта, најбараниот актер од 70-тите години на 20 век.

Траволта во декември 1977 година се појави во светскиот хит „Треска во саботната вечер“ („Saturday Night Fever“), а шест месеци подоцна ја играше главната улога во мјузиклот „Брилијантин“ (Greece), кој многумина го сметаат за најдобар филмски мјузикл на сите времиња.

„Треска во саботната вечер“ заработи над 237 милиони долари од продажбата во киносалите, додека „Брилијантин“ заработи над 366 милиони долари. Трошоците за снимање на овие два филма изнесуваа помалку од десет милиони долари.

Мјузиклот „Вонка“ на Шаламе заработи 628 милиони долари, додека „Дина: Втор дел“, кој сè уште се прикажува во киносалите, досега заработил 498 милиони долари. Експертите предвидуваат дека вториот дел од „Дина“ би можел да достигне заработувачка од една милијарда долари.

По два блокбастери по ред, Тимоти Шаламе во моментот го снима биографскиот филм „Целосно непознат“ (A Complete Unknown), заснован на животот на Боб Дилан.

ФОТО+ВИДЕО | Објавен трејлерот за „Дина: Втор дел“: Ликот на Тимоти Шаламе е спремен за одмазда

Ова е најдобро облечeниот маж во 2019: Жените се во шок! (ФОТО)

ВИДЕО | „Поважно ми е да бидам здрава“: Селена Гомез одговори на критиките за вишокот килограми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот