ФОТО+ВИДЕО | Објавен трејлерот за „Дина: Втор дел“: Ликот на Тимоти Шаламе е спремен за одмазда

Фото: Profimedia

Компанијата „Ворнер Брос“ денеска го објави новиот трејлер за второто продолжение на филмската адаптација на научно-фантастичниот роман „Дина“ – „Дина: Втор дел“ („Dune: Part Two“), објави „Варајети“.

„Ги гледам можните иднини, но во секоја од нив – нашите непријатели преовладуваат. Но, јас гледам начин“, вели ликот Пол Атреид, кој го игра актерот Тимоти Шаламе.

Во трејлерот е прикажан Пол Атреид, заедно со ликот Чани (Зендаја) и Слободниците, во неговиот обид да им се одмазди на неговите смртни непријатели, кои му го уништија семејството. Соочен со изборот помеѓу љубовта на својот живот и судбината на познатиот универзум, Пол Атреид се труди да спречи ужасна иднина што само тој може да ја предвиди.

Фото: Image Capital Pictures / Film Stills / Profimedia

Меѓу непријателите со кои се соочува Атреид во продолжението, како што е прикажано во трејлерот, се злобниот император Шадам (Кристофер Вокен) и „психотичниот“ Фејд-Раута Харконен (Остин Батлер).

Покрај нив, во филмот ќе ги видиме и актерите Флоренс Пју, Леа Сејду, Ребека Фергусон, Џош Бролин, Хавиер Бардем, Дејв Баутиста, Шарлот Рамплинг, Стивен Мекинли Хендерсон и Стелан Скарсгард.

Премиерата на „Дина: Втор дел“ („Dune: Part Two“) ќе се случи на 1 март следната година, кога ќе почне да се прикажува во киносалите ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот