„Тиквеш“ почна да потпишува договори со лозарите за откуп на грозјето

Шеснаесет денари за килограм „вранец“ и 12 за „смедеревка“ – винарницата „Тиквеш“ почна со потпишување договори со лозарите за откуп на грозјето.
Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор во винарницата, рече дека ова се рамковните цени на најзастапените вински сорти на грозје, коишто се поголеми од минатогодишните за килограм грозје. Иако, како што нагласи, „Тиквеш“ секогаш плаќа повеќе од договореното, имајќи ја предвид шеќерноста и други параметри.
Јаневски се осврна на долгогодишната соработка со лозарите. Говореше за критериумите за производство на што поквалитетно грозје. Тој кажа дека зависно од квалитетот, постојат повеќе категории на цени.
– Сметаме на вас, едни на други сме си партнери за соработка. Ние без вас не можеме – им рече Јаневски на присутните производители на грозје.
Тој кажа дека и понатаму ќе ги поддржуваат лозарите, обезбедувајќи им препарати со пониски цени, стручни совети и едукација.
На средбата беше кажано и тоа дека има можност покрај на рати, исплатата да биде и во рок од седум дена, под посебни услови.
Се очекува да бидат потпишани над две илјади договори и откуп на повеќе грозје од лани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот