Тиктокерка се снимаше пред и после шминкањето, луѓето зачудени: Не, ова не е истата личност!

Фото: Принтскрин/ТикТок

Тиктокерката Алиса Сегрист на оваа социјална мрежа објави видео во кое покажа како изгледа без и со шминка. Луѓето беа изненадени од нејзината трансформација.

Алиса на почетокот на видеото е без шминка, а не ја носеше ниту својата забна протеза. Во вториот дел од видеото таа покажа како изгледа со нацртани веѓи, вештачки трепки, руж и пудра. Исто така, таа ја стави и забната протеза.

Нејзиното видео на ТикТок предизвика мноштво коментари.

@sparklemouth Milkshake brings all the boys to the yard #transition #makeup #beauty #naturalbeauty #TheAdamProject ♬ Milkshake Showmusik Dance Mix – Showmusik Sounds

„Од оваа причина на првиот состанок девојката треба да ја однесете на базен“, „Јас навистина мора да научам правилно да се шминкам“, „Не можам да поверувам дека ова е истата личност“, „Невозможно луѓе, па недај боже првава личност да ме сретне некаде“, „Не, ова не е истата личност“, гласеа само некои од коментарите.

Алиса и претходно наведе дека со објавувањето на вакви видеа сака да покаже дека не постои девојка која во секој момент изгледа совршено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот