ТФТ има уште една меч топка во БИБЛ лигата

ТФТ против Берое Стара Загора ја има последната шанса во БИБЛ лигата/Фото: kfsm.mk

Македонскиот кошаркарски клуб ТФТ имаше напад за победа против Ирони Нахарија, но не беше реализиран со поени, па на крајот триумфираше израелскиот претставник (66:67).

Во претпоследниот меч од регуларниот дел од Лигата на Балканот, екипата од Скопје се сретна со еден од фаворитите за место на финалниот турнир, Ирони Нахарија. И испушти голема шанса во последниот напад да оствари победа која води во следната фаза од натпреварите од регионалната конкуренција.

Во ниту еден момент домаќинот не беше инфериорен против Ирони Нахарија. Го доби првиот период со минимални 18:16, но до полувремето ривалот успеа да го „сврти“ резултатот и на одмор да замине со водство од 38:35.

И по 15 минути пауза, не се сменија работите во играта на двете екипи. Бишоп, Хортон и Костоски го диктираа темпото на играта во домашната екипа. Но, немаа доволно сили, и поддршка од соиграчите, за да направат еден одлучувачки чекор, и да го вратат позитивниот резултат во своја корист.

Дури во претпоследната минута на натпреварот ТФТ имаше само „половина поен“ негатива откако Бишоп го реализираше својот 18 поен. А по поените на Драфич за 63:66, со тројка изедначи Хортон(66:66) и остави 43 секунди за конечно решение. Најдобриот и најискусен играч на Ирони Нахарија, Јогев Охајон беше половичен од линијата за слободни фрлања, на 19 секунди, сепак донесе водство за својата екипа (67:66).

По тајм-аутот на ТФТ, голема грешка на најдобриот во нивните реодви, Бишоп, за уште поголемо славење на Израелците. По девет одиграни кола, кошаркарите на ТФТ сега се на ефект од 4-5. А во последниот круг од натпреварите во групата „Б“ од регионалното натпреварување, на 9 февруари, исто така во Скопје, ќе се сретнат со екипата на Берое Стара Загора од Бугарија. Победа ги води „црно-белите“ во следниот круг од натпреварите во БИБЛ конкуренцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот