Хрватска/Hrvatski rukometni savez

Тежок удар за Хрватите: На Европското првенство ќе бидат без својот најдобар ракометар

Селекторот на хрватската ракометна репрезентација, Дагур Сигурдсон, денеска во Загреб го означи почетокот на завршните подготовки за Европското првенство, кое од 15 јануари до 1 февруари ќе се одржи во Шведска, Данска и Норвешка.

Непријатна вест за хрватскиот национален тим е сигурното отсуство на еден од најважните играчи, Марин Шипиќ, кој поради повреда нема да настапи на континенталниот шампионат. Сигурдсон на списокот повика 22 ракометари, двајца повеќе од дозволените за турнирот, но веќе е јасно дека искусниот кружен напаѓач нема да се најде меѓу патниците за Европското првенство.

Шипиќ беше еден од клучните играчи на минатогодишното Светско првенство и херој во победата над Унгарија, но повредата на коленото се покажа како сериозна и го оддалечи од теренот подолго од очекуваното.

„Шипиќ е надвор од комбинација. Шансите да заигра се минимални. Рехабилитацијата оди многу бавно и не гледам реална можност подоцна да ни се приклучи. Жал ми е, но мораме да се приспособиме и да продолжиме понатаму“, изјави Сигурдсон.

Селекторот нагласи дека во преостанатиот период акцентот ќе биде ставен на воспоставување подобра рамнотежа меѓу нападот и одбраната, како и на стабилизирање на играта во сите сегменти.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Лазаров пред ЕП 2026: Во спортот постојат изненадувања, но треба да се биде реален

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот