Тевдовски и Ангеловска-Бежоска летаат за Вашингтон

Делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска-Бежоска, учествува на редовните Пролетни средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.

Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд, Европската инвестициска банка и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во рамки на средбите закажани се состаноци со заменик-претседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер, со директорот на СБ за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер, со извршниот директор на Светска банка за Конституенцата во која е Р.Северена Македонија Кун Дејвитсе, со Пол Томсен, извршен директор на ММФ за Европа и шефот на мисијата на ММФ за Македонија Џесмин Рахман.

Во фокусот на разговорите ќе бидат тековната и идната соработка на Македонија со овие меѓународни финансиски институции.

Пролетните состаноци на ММФ и Светска банка се одржуваат секоја година. На настанот учествуваат министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите членки. Дискусијата е поврзана со актуелните случувања во светската економија и со теми како што се намалување на сиромаштијата и поттикнување на економскиот раст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот