Огнена престрелка позади полициска станица Бит пазар - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Полициска станица Бит пазар - Фото Слободен печат / Методи Здравев

Тетовец пронајден починат во хотел на Бит Пазар

Седумдесет и четири годишен тетовец бил пронајден починат во хотел на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 1 јуни околу 11:40 часот во СВР Скопје било пријавено од Итната медицинска помош дека во хотелот е пронајдено безживотното тело на З.Ј. (74) од Тетово, кој престојувал како гостин. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство“ соопшти МВР.

На местото бил извршен увид од надлежните служби, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.

Од МВР информираат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот.

Газда на скопска кафеана истепал бивш вработен откако се скарале за исплата на дневници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот