Тесна трка за следен премиер на Јапонија

Трката за јапонски премиер/ Фото EPA-EFE/Eugene Hoshiko / POOL

Според јапонските анкети, трката за следен премиер во таа земја е премногу блиска, во пресрет на изборите кои ќе се одржат следната недела. Тоа е редок момент на неизвесност по речиси една деценија, откако Шинзо Абе стана премиер, со најдолг стаж во земјата, а минатата година тој беше заменет од неговиот близок сојузник Јошихиде Суга, пренесува Гардијан.

Откако Абе во август 2020-та ја објави својата оставка, поради здравствени причини, идентитетот на неговиот наследник никогаш не беше доведен во прашање. Како главен секретар на кабинетот на Абе речиси осум години, Суга се покажа како лојален поручник, усовршувајќи ја улогата на портпарол во секојдневните средби со медиумите.

Суга ја обезбеди поддршката во владејачката Либерално -демократска партија (ЛДП). Но, по една година во која рејтингот на неговото управување опадна, во главно поради критиките за неговото справување со пандемијата, како и неуспехот да профитира од домашните спортисти на Олимписките игри во Токио, Суга си поднесе оставка.

Неколку дена откако кампањата беше официјално отворена, изборите станаа тесна трка меѓу Таро Коно, популарниот министер за здравство и Фумио Кишида, поранешниот министер за надворешни работи.

Иако вклучувањето на жените во трката повторно ја разгори дискусијата за лошата застапеност на жените во јапонската политика, ниту една од нив нема доволно поддршка за да стане првата жена премиер во земјата.

Кишида (64) кој ја предводи ЛДП на општите избори оваа есен, се обидува да ги придобие гласачите, кои уште се лути поради неспособноста и неизвесноста на Суга, која тој ја предизвика во третата најголема светска економија, што главно произлегува од пандемијата.

Суга не го издржа притисокот, јапонскиот премиер по една година се повлекува од функцијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот