Суга не го издржа притисокот, јапонскиот премиер по една година се повлекува од функцијата

Јапонскиот премиер Суга се повлекува од функцијата/ Фото EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA / POOL

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга денеска изјави дека нема да се кандидира за раководство на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) на крајот на септември, со што ќе ја напушти функцијата премиер по само една година, пренесува АП.

Денес, Суга им рече на претставниците на владејачката партија дека нема да учествува во трката за лидерство на 29 септември, соопшти генералниот секретар на ЛДП, Тошихиро Никаи.
ЛДП има мнозинство во парламентот, што значи дека новиот премиер најверојатно ќе биде лицето што ќе биде избрано за лидер на партијата.

Суга рече дека сака да се фокусира на мерките за борба против пандемијата.

Тој се соочи со голем број критики како и со голем пад на поддршката поради бавното спроведување на мерките против коронавирусот. Најконтроверзен момент сепак беше одржувањето на Олимпијадата во Токио, и покрај грижите за јавното здравје.

Оваа одлука на Суга во голема мера е политичка, така што ЛДП може да има нов лидер пред општите избори кои ќе се оддржат за неколку месеци. Мандатот на долниот дом на парламентот завршува на крајот на октомври, а изборите за новиот парламент мора да се одржат до крајот на ноември. Суга ја презеде функцијата премиер кон средината на септември минатата година, кога неговиот претходник Шинзо Абе поднесе оставка поради здравствени проблеми.

Премиерот инаку, е син на одгледувач на јагоди од јужната јапонска префектура Акита, а тој имаше поддршка од дури 70 проценти на почетокот на својот мандат, бидејќи потекнува од „обична“ средина, а не од традиционално политички семејства како претходникот Абе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот