Тешки денови за поранешниот европски кошаркарски великан

фото: MZT Skopje Aerodrom/Danail Petrovic

Неодамна беше објавено дека Цибона го започнува процесот на трансформација во спортско акционерско друштво, за што има рок од 45 дена, пренесуваат хрватските медиуми.

Долгот на хрватскиот кошаркарски клуб е пет милиони евра, но два милиони би биле претворени во акции за долгот да се намали на три милиони.

Цибона, некогашниот гигант на хрватската и европската кошарка, заврши во стечај. Овој клуб е на 120 ден во блокада, па заврши во стечај.

А стечајот значи дека клубот може да ја започне сезоната со само петмина сениори од минатата сезона и голем број јуниори.

– По долга серија години различни бизниси, лоши вести и негативни написи, сакам да ја претставам можноста за трансформирање на клубот во спортско акционерско друштво како трајно решение. Секако, за да се постигне тоа, важно е да се поминат одредени чекори според правилникот, кој произлегува од новиот Закон за спорт, кој се очекува да биде донесен деновиве. Ние спроведуваме истражување на пазарот и нашиот извештај, кој е во напредна фаза на развој, и мора соодветно да се прилагодиме на тоа – рече неодамна директорот на клубот, Томислав Шериќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот