Тешка сообраќајна несреќа во Индија: Камион удри автобус, при што загинаа најмалку 18 лица

Полиција/ фото МВР

Најмалку 18 лица загинаа, а 10 се повредени кога камион се судри со двокатен автобус полн со патници рано утрово во државата Утар Прадеш во северна Индија, потврди локален официјален претставник.

– На автопатот во близина на градот Барабанки во централниот дел на Утар Прадеш, се случи тешка сообраќајна несреќа, откако камион удри во преполн автобус со дури 150 патници, изјави претставник на локалната полиција за Ројтерс.

Би-Би-Си наведува дека капацитетот на тој автобус бил 65 патници.

Извештаите на локалните медиуми наведуваат дека голем број работници патувале со автобус и дека автобусот се расипал на патот непосредно пред несреќата.

Премиерот на Индија, Нарендра Моди, изрази жалење за оваа несреќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот