стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Тешка несреќа на патот Кочани-Виница: Еден човек загина, неколкумина се повредени

Еден човек загина, а неколкумина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патот Кочани-Виница, јавуваат локалните медиуми. Поради несреќата сообраќајот на патот е во прекин.

На местото на несреќата веднаш пристигнале полициски службеници, екипи на противпожарната служба и возило на Итната медицинска помош.

Како што пренесува 24инфо, несреќата се случила околу 13:44 часот, при судир меѓу патнички возила „мазда“ и „фолксваген поло“. Едно лице починало на местото на несреќата, додека неколкумина повредени со возила на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Кочани.

Повредените се пренесени во болница за укажување лекарска помош.

Надлежните служби вршат увид на местото на несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот