Фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Тер Штеген оди на позајмица, ќе биде нов голман на Жирона

Шпанскиот фудбалски клуб Жирона постигна усмен договор да го ангажира Марк Андре тер Штеген на позајмица, објави Фабрицио Романо.

Искусниот 33-годишен чувар на мрежата од 2014 е член на Барселона во чиј дрес успеа шест пати да ја освои Ла Лига, а има и една титула во Лигата на шампионите во сезоната 2014-15.

Пред да се пресели на Камп Ноу, тер Штеген ги бранеше боите на Борусија Менхенгладбах, а досега запиша 44 настапи за најдобрата германска репрезентација.

Позајмицата до јуни е добредојдена за германскиот голман кој сака редовно да игра пред настапот со националниот тим на Светското првенство 2026.

Жирона моментно по 20 одиграни кола е на 10 позиција во шпанското првенство со 24 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот