Фото: EPA/ABIR SULTAN

Конфликтот на Блискиот Исток прави проблеми и во спортот – кошаркари заглавија во Израел

Нападот на Израел и САД врз Иран и возвратните ирански напади на повеќе цели на Блискиот Исток, директно се одразија и врз спортот. Клубот Хапоел Тел Авив итно работи на план за евакуација на своите кошаркари, меѓу кои има и странци.

Поради безбедносната состојба, воздушниот простор беше затворен, што дополнително ја усложни можноста за заминување од земјата.

Според информациите на израелскиот медиум „Спорт5“, раководството на клубот разгледува алтернативни решенија и се обидува дел од тимот да го извлече по морски пат, со брод кон некоја од европските дестинации.

Безбедноста на играчите е ставена во прв план, додека спортските активности во моментов се во втор план поради сериозноста на ситуацијата.

ВИДЕО | САД и Израел го нападнаа Иран

ВИДЕО | САД и Израел го нападнаа Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот