Темелко повторно ќе се кандидира за градоначалник на Пустец

Централната изборна комисија на Албанија ја верификува кандидатурата на Едмонд Темелко за градоначалник на општина Пустец.

Комисијата ја прифати и кандидатската листа за советници во Советот на општината предложена од партијата на Едмонд Темелко, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Носител на кандидатската листа за Советот е Јордан Ставре од селото Туминец.

На локалните избори што во Албанија ќе се одржат на 30 јуни, МАЕИ со свои кандидати настапува единствено во општина Пустец.

Едмонд Темелко, кој е актуелен градоначалник на Пустец, ќе се трка за четврт мандат. Првпат на функцијата градоначалник на Пустец беше избран во 2007 година, а по втор и трет пат реизбран на изборите во 2011 и 2015 година. Тој е обвинет во неколку случаи на Специјалното јавно обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот