Тејлор Свифт го собори рекордот на Битлси

Фото: Профимедиа

Трет албум број 1 за помалку од една година…

Најновото издание на кантавторката Тејлор Свифт (31), „Fearless (Taylor’s Version)“, повторно снимено заради аферата со издавачката куќа и авторските права, дебитираше на првото место на листата на официјални албуми.

Со тоа, Тејлор го собори рекордот што претходно го држеа легендарните Битлси.

Со својот трет албум на врвот на листата за само 259 дена, по албумот „Folklore“ на 31 јули и „Evermore“ на 18 декември, Тејлор постави нов рекорд на сите времиња за најкратко време меѓу трите албуми број 1 досега.

Рекордот претходно го држеа Битлси, 54 години, со три албуми на место број 1 — 364 дена. Тоа беа албумите „Help!“, „Rubber Soul“ и „Revolver“.

Севкупно, повторно снимениот албум е седмиот албум број 1 во Велика Британија за американската кантавторка!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот