Технолошкиот гигант „Епл“ за еден ден загуби 34 милијарди долари

Фото Архива

Акциите на „Епл“ во текот на вчерашниот ден од тргувањето во еден момент паднале за 2,6 отсто, што веднаш избришало 34 милиајрди долари од пазарната вредност на американската технолошка компанија и со тоа индексите на Вол Стрит автоматски ги повлече надолу, соопшти порталот Си-Ен-Ен Бизнис.

На затворањето на берзата, акциите на „Епл“ беа заклучени со минус од 1,8 отсто во однос на претходниот ден.

На овој драматичен пад влијаело предупредувањето на „Епл“ дека не очекува дека ќе го оствари планираниот квартален приход заради забавувањето на производството и намалената побарувачка во Кина, каде компанијата ги затвори сите свои продавници заради епидемијата на коронавирусот.

Според првичните планови, „најтешката“ компанија во САД, чија пазарна вреденост изнесува 1,4 билиони долари, очекуваше во својот втор фискален квартал да оствари нето продажба меѓу 63 и 67 милијарди долари.

По соопштението на „Епл“, индустрискиот индекс Дау Џонс падна трет ден по ред бидејќи инвеститорите се повлекоа за да ги разгледаат предупредувањата на технолошкиот див, пренесе Си-Ен-Би-Си.

Вредноста на индексот Дау Џонс за вчерашното затворање на берзата падна за 165,89 поени или 0,6 отсто, на 29.232.19 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот