Технолошки гигант планира да инвестира 10 милијарди долари во Индија

Гугл/ Фото: МИА

Ваквото ветување на „Гугл“ доаѓа откако неговиот ривал „Фејсбук“ вложи 5,7 милијарди долари во „Џијо Платформс“ најбрзорастечка индиска телекомуникациска компанија која нуди цела низа дигитални услуги.

Компанијата „Гугл“ соопшти дека во наредните години планира да вложи 10 милијарди долари во Индија, пренесоа „Вол Стрит Журнал“ и „Фајненшл тајмс“.

„Гугл“ има намера да ги зајакне своите врски со Индија со вложување од кое би имала корист преку дигиталната еволуција која се случува во оваа земја и докажа дека таа не треба да се затвори со протекционистички политики.

Индија можеби е еден од последните големи неискористени дигитални пазари имајќи предвид дека една половина од 1,3 милијарди жители допрва трева да се поврзат на интернет мрежата. Се очекува дека оваа земја идната година да забележи најголем пораст на нови интернет корисници.

„Гугл“ соопшти дека има основано фонд со кој во наредните 5 до седум години би се вложувале пари во купување акции, партнерства и инфраструктура.

– Ова е одраз на нашата верба во иднината на Индија и нејзината дигитална економија, изјави Сундар Пичај, извршен директор на „Гугл“ и „Алфабет“.

Ваквото ветување на „Гугл“ доаѓа откако неговиот ривал „Фејсбук“ вложи 5,7 милијарди долари во „Џијо Платформс“ најбрзорастечка индиска телекомуникациска компанија која нуди цела низа дигитални услуги.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот