Теа ни зготви џем од сливи, рецептот го споделуваме со вас

Есента е на прагот, едвај чекаме да уживаме во сите нејзини вкусови и миризби. За почеток, ајде да уживаме во џемот од сливи.

– Есен, а во неа се стопени сите бои на виножитото, мирисите и вкусовите на сè што дала природата. Мирисот на печени пиперки, ајварче и мармалади е карактеристичен за есенската сезона и не постои Македонец кој не пораснал со него. Вкусовите од детството се најсилни и нема дете кое не ги пробало џемовите и мармаладите подготвени од нивните баби и мајки.

Џемот од модри сливи се подготвува во овој период, па затоа ви приложувам рецепт кој ќе ве потсети на вкусот од детството, вели Теодора Георгиевска, гастрономска махерка.

Намирници: 1 кг. модри сливи, 500 гр. Шеќер и екстракт од рум.

Подготовка:

Сливите се мијат и се сечат на половина, се отстранува семката и се редат во подлабока тава за печење. Се посипуваат со шеќер и се ставаат да се печат, 20 минути на 250 степени, а потоа се намалува рерната и се печат уште 20 до 30 минути на 200 степени додека да се згусне. Неколку пати во текот на печењето, сливите треба да се промешаат. Кон крајот на печењето извадете една лажица џем во чинивче, малку да се излади, така ќе проверите дали е достигната посакуваната густина. На крај се додава екстракт од рум или 2-3 лажици рум и се собира топлиот џем во топли тегли.

Доколку сакате мармалад, бидејќи џемот е со цели сливи, исчистените парчиња се мелат во машина за мелење и потоа се вријат во тенџере со шеќер додека да се згусне и на крај се додава рум.

Од 1 килограм сливи излегува околу една голема тегла.

Џемот од сливи одлично одговара со палачинки, а можете да го комбинирате и со топли и вкусни крофни.

Превскусни рецепти од Теа може да најдете на фејсбук и инстаграм профилите Готвиме со Теа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот