„Тажно е што…“: Познатиот Чак Бас од серијата „Озборувачкa“ се прости од Мишел Трактенберг
Ѕвездата на популарната серија „Озборувачка“, Ед Вествик, кој го играше познатиот лик Чак Бас, се прости од неговата покојна колешка Мишел Трактенберг по веста за нејзината прерана смрт.
Препорачано
Вествик ѝ оддаде почит на својот инстаграм-профил. Во својата приказна на Инстаграм, британскиот актер напиша: „Тажно е што ја слушнав веста за смртта на Мишел Трактенберг, испраќам молитви“, заедно со емотикон со бело срце.

Оваа порака ја сподели со фотографија од Трактенберг во улогата на Џорџина Спаркс, која таа ја играше во „Озборувачка“.
Да потсетиме, актерката почина од природна смрт, а можните компликации по трансплантација на црн дроб можеби придонеле за нејзината смрт, како што пренесоа странските медиуми. Мишел, која имаше 39 години, беше пронајдена мртва во својот стан во Њујорк. Телото го открила нејзината мајка во стан во близина на Колумбус Сиркл. Полицијата за медиумите потврди дека во нејзината смрт нема елементи на кривично дело, но ќе се изврши и обдукција.


