Мирчеа Луческу/EPA/HUGO DELGADO

Тажна вест: Почина легендарниот Мирчеа Луческу

Фудбалскиот свет вечерва е погоден од смртта на легендарниот романски стручњак Мирчеа Луческу, кој почина на 80-годишна возраст.

Според информациите на романските медиуми, Луческу ја загубил битката по неколку дена поминати во болница.

Искусниот тренер минатиот петок доживеа срцев удар, по што итно беше хоспитализиран и ставен во состојба на индуцирана кома. И покрај напорите на лекарите, неговата здравствена состојба се влошила, а докторите не успеале да го спасат.

Во последните моменти со него во Букурешт биле неговата сопруга Нели, внуката Марилу, како и синот Разван Луческу, тренер на ПАОК, кој итно допатувал за да биде покрај својот татко.

Луческу остави неизбришлива трага во европскиот фудбал. Во текот на својата богата и долготрајна кариера предводеше бројни клубови и репрезентации, меѓу кои Динамо Букурешт, репрезентацијата на Романија и Шахтјор Доњецк, со кој ги оствари своите најголеми успеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот