„Тато, не можам повеќе да го издржам притисокот“: Таткото на момчето од Трстеник кое се обиде да се самоубие откри што се случило

Фото: Нова.рс

Таткото на ученикот Н.Ж (17 г.) кој и го тргна столчето на професорката во техничкото училиште во Трстеник, пријавил дека неговиот син ноќеска се обидел да си го одземе животот. Благодарение на брзата реакција на брзата помош од Трстеник е избегната трагедија и тој сега е во стабилна здравствена состојба и сместен е во болница во Крушевац.

Тој за српските медиуми раскажува што точно се случило вечерта.

„Синоќа седевме и гледавме телевизија, на некој канал повторно започна прилог од случајот со училиштето. Солзите почнаа да му течат по лицето ,а за момент добил заканувачка порака, односно слика, дека обвинителот и уште еден маж ќе го гонат додека не го осудат. На лицето буквално му се смени бојата, го фрли телефонот и истрча по скалите“, изјави за Нова.рс Владан Живковиќ, татко на 17 годишникот кој вчера се обиде да се самоубие кај Трстеник.

Трчав по него, но не го фатив“. Дојде до портата во дворот, се сврте кон мене и ми рече: „Тато, не можам да го поднесам овој притисок“. Нема да се видиме повеќе“, и истрча кон нивата, во темнината“, вели таткото.

„Се вратив дома, размислував кому да се јавам, што да правам, кога слушнав детски плач и врисоци од полињата. Истрчав таму и го видов мојот син. Веднаш повикав полиција и брза помош, која мислам дека пристигна за неколку секунди. Полицаецот го спасил. Мислев дека е мртов, “, вели таткото.

Инаку итната медицинска помош од Трстеник брзо пристигнала на местото на настанот во селото од каде што е ученикот и тој во свесна состојба бил пренесен во болницата во Крушевац. Околу 1 часот по полноќ бил примен во шок собата на Одделот за интензивна нега во Крушевачката општа болница. Неговата состојба е стабилна.

Минатиот месец кога и се случи инцидентот во училиштетото во Трстеник, наставничкиот совет на Техничкото училиште од Трстеник, Србија, ги избрка учениците кои се изживуваа врз професорката по англиски јазик Марија Стевановиќ.

ВИДЕО: Во Србија ученици се изживуваат врз наставничка, малтретирањето го снимиле со мобилен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот