Таткото на Вања пријавил во полиција дека ја нема, Спасовски вели дека нема потврда оти трагата и се губи кај „Силбо“

Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка е исчезната. На 27 ноември 2023 година во 11 часот во ПС за општа надлежност Центар од страна на таткото е пријавено дека на 27.11.2023 година околу 7.27 часот неговата малолетна ќерка веќе излегла од станот којшто е на улица „Наум Наумовски – Борче“ и се упатила до ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, изјави министерот за внатрешни рабпти Оливер Спасовски. Одговарајќи на пратеничко прашање на Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ, Спасовски во Собранието повтори дека  МВР интензивно работи на расчистување на случајот на 14-годишното девојче В.Ѓ. од Скопје.

“Тука е сочинет веднаш записникот од страна на Одделот за потраги и од полициските службеници и е распишан веднаш локален распис по стапување со излегување на лице место, пребарување на терен, извршен разговор со родителите на детето и започнуваат проверка на терен“, рече Спасовски.

Спасовски децидно кажа дека апсолутно нема никаква потврда, дека трагата на Вања се губи пред „Силбо“ или пред „Броз“.

„Значи не е така. Ниту има можност за таква потврда врз основа на она што е извадено од камери коишто ги имаме. Така во овој дел ќе преземеме и понатаму интензивни активности бидејќи на целата територија на Скопје веќе се преземени, не само на подрачјето на Центар, туку Карпош, Ѓорче Петров, Битпазар. Првично беа вклучени само Центар и Битпазар, првиот момент за тој дел, тој простор каде што е можно да се наоѓа девојчето да бидат пребарани“, рече Спасовски и нагласи дека во овој дел интензивно се работи за да може да се расчисти целиот овој случај.

Преку 50 камери односно места каде што има камери се преземи и прегледани, целосно е во функција системот безбеден град, сите податоци од телекомуникациските операторите се земени, сослушани се десетици и десетици лица од кои се земени податоци и информации во однос на целиот овој настан.

Податоците за Ѓорчевска се ставени и на Стоп-листа на граничните премини. Распишана е и меѓународна потерница од Интерпол, а деталниот опис е и во билтенот на МВР за исчезнати лица. Спасовски најави и дека до 10 декември ќе биде активиран и системот за препознавање на лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот