Таткото на починатото дете од Книн пуштен на слобода

дете дивина
Принтскрин
Таткото на шестгодишно момче, кој почина во заклучен автомобил во Книн, беше сослушан во обвинителството, а потоа пуштен на слобода, бидејќи беше оценето дека нема законски услови за притвор.

Според наводите од кривичната пријава, постои основа за сомнение дека осомничениот вчераутро не го возел детето (6) во градинката, туку го оставил во заклучен автомобил на паркингот.

Се наведува дека обвинителството ќе одлучи за понатамошните постапки по обдукцијата на детето. Претходно денес, полицијата објави дека таткото е во притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот