Таткото ја посетил Моника во болницата: Психички е растроена и нема коса, но е во стабилна состојба

Фото: Принтскрин

За време на посетата тој наводно разговарал со неа, но српските медиуми не откриваат која била темата на нивниот разговор.

Роберт Каримановиќ, таткото на малата Моника (12), која вчера беше пронајдена по десетдневна потрага, ја посетил денеска својата ќерка во Клиничкиот центар во Ниш, каде таа се наоѓа од синоќа, пренесува Телеграф.рс.

Тој за овој медиум рекол дека таа заздравува и е во стабилна состојба, а додал и дека нема видливи повреди освен некои модрици на нозете и рацете, но и дека нема коса.

– Косата и е истрижена – рекол Роберт, пренесува Телеграф.

За време на посетата тој наводно разговарал со неа, но српските медиуми не откриваат која била темата на нивниот разговор.

– Хоспитализирана е, прима терапија и заздравува. Сопругата е со неа цело време. Комуникативна е, но малку е и психички растроена. Нема никакви видни повреди, освен модринки на нозете и рацете – рекол таткото на Моника, пренесува Телеграф.

Моника била пронајдена вчера во селото Пасјача, во домот од кој Малчанскиот бербер побегнал кога сфатил дека сопственикот на таа куќа го открил.

Тој Моника ја киднапирал во петокот, на 20 декември, кога утринава тргнала кон училиште.

Тој лажно и се претставил и ја замолил да тргне со него за да му покаже каде е училиштето, во кое наводно имал некоја работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот