Таравари: Лекари од приватното здравство сакаат да се вратат во државното

Министерот за здравство, Арбен Таравари, вели дека доктори од приватното здравство сакаат да се вратат на работа во државното здравство, но без да прецизира од кои специјалности и за колкумина станува збор. Таравари смета дека ова е сигнал дека се враќа довербата во јавниот здравствен систем.

Како Влада ќе побараме решение како да ги вратиме експертите што имаат искуство од над 10 години како специјалисти и субспецијалисти во клиниките и болниците каде што недостасува кадар.

Сигурен сум дека ќе изнајдеме решение одреден број од нив да се вратат. Ова нè прави горди. Гледаме дека има интерес од докторите, што укажува на тоа дека се враќа довербата во јавните здравствени установи, рече Таравари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот