-7 C
Скопје

Тања Савиќ ја шокираше јавноста: Го оставив сопругот бидејќи користеше супстанци пред децата, а во борделот им плачеше на девојките за мене!

Пејачката Тања Савиќ (35) откри дека го оставила сопругот Душан Јованчевиќ откако тој, како што изјавила, „дошол пијан со некои супстанции“ во семејната куќа, каде што била пејачката со децата.

Тања истакнала дека не сакала да страда поради тој, 40-годишен маж кој користел супстанци, а кога се случила споменатата ситуација, повикала полиција.

„Вонредната состојба започна и тој требаше да биде дома во пет, тој дојде во пет со некои супстанции, пијан, да не спомнувам што друго донесе во мојата куќа, а јас со децата дома. Тој дојде во пет и петнаесет и тоа беше единствената причина што го напуштив домот“, рекла Тања во емисијата „Магазин ин“.

Instagram

„Не сакав повеќе да трпам 40-годишен маж кој го користи тоа. Повикав полиција, но никој не ми одговори. Буквално отидов боса и тој ме праша: „Зошто не ги зеде децата со тебе?“, а јас не можев да ги земам децата, бидејќи тој толку добро манипулираше со нив“, изјавила пејачката.

Прочитајте и...  Д-р Дре и неговата сопруга Никол Јанг се разделуваат: Развод од „пеколот“ и алиментација од два милиони месечно

Тања откри дека дека дознала како Јованчевиќ отишол во бордел, каде што на девојката за која платил, ѝ зборел за својата сопруга.

„Отишол во бордел, да побара, да плати за услуга и цела ноќ разговарал со девојката која ја платил за тоа како ме сака и плачел. Само што го дознав тоа. Јас живеев во илузија“, закличила пејачката и ги шокирала сите во студиото.

Тања Савиќ со нејзините две деца Ѓорѓе и Максим / Фото: Инстаграм пост @tanjasavic

Да потсетиме, минатата година медиумите пишуваа дека Јованчевиќ наводно се лекувал од дрога на приватна клиника специјализирана за зависности, во Белград.

Поврзани вести

Дневен хороскоп за 1 декември: Денес сѐ ќе биде во знакот на вашата љубов

Слободен печат

Виц на денот: Географија

Слободен печат

Што треба да направите со искинати банкноти?

Слободен печат

На неговите шеги се смее цела Македонија: Дали го препознавате момчето од фотографијата?

СП.

ВИДЕО: Џорџ Клуни призна дека сам ја потстрижува својата коса веќе 25 години – Но кога откри со што, започнаа шегите на негова сметка

Слободен Печат

Шокантно: Мистериозен монолит исчезна во САД, па најден е во Романија!

Слободен печат

Остави Коментар