Талибанската власт во Кабул постави 400 звучници да се слуша молитвата на оџите, а напуштените простории ги претвори во џамии

Фото: Profimedia

Четиристотини нови звучници се поставени во авганистанскиот главен град Кабул во обид да се охрабрат верниците да присуствуваат на молитвите, јавија денеска западни медиуми, повикувајќи се на информации од талибанската влада.

„За време на претходната управа, звучниците беа отстранети и жителите не можеа да го слушнат повикот за молитва за муслиманите”, објави на Твитер Министерството за промоција на доблест и спречување на пороците. Во соопштението се наведува дека 400 звучници се поставени во различни области на Кабул за „луѓето да можат да го слушаат повикот за молитва во исто време”.

Министерството, исто така, објави дека стотици празни продавници и други напуштени простории биле претворени во џамии за жителите да можат да се молат заедно.

На почетокот на месецот, врховниот талибански водач Хаибатула Ахунџада им нареди на судиите да ги применат сите одредби од шеријатот (исламскиот закон), кои вклучуваат јавни егзекуции, каменување и ампутации поради кражба.

Локалните медиуми денеска објавија дека Министерството за промоција на доблест и спречување на пороците наредило продавниците во некои населби на главниот град да останат затворени за време на најважната неделна молитва во петок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот