Талибанците понудија тримесечен прекин на огнот во замена за ослободување на 7.000 бунтовници

Талибанско раководство / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL

Талибанците понудија тримесечен прекин на огнот во замена за ослободување на 7.000 приведени бунтовници што ги држат авганистанските власти, изјави Надер Надери, член на владиниот преговарачки тим со талибанците.

„Тоа е големо барање“, изјави Надери пред новинарите, додавајќи дека талибанците исто така бараат имињата на водачите на движењето да бидат избришани од „црната листа“ на ООН.

Без коментар за новото барање на Талибанците, Надери истакна дека ланското ослободување на 5.000 талибанци, што било услов за преговори, веќе било „тешко барање“ и дека после тоа „насилството не запре, туку се зголеми напротив“.

Талибанците досега не одговорија на прашањето на францускиот печат за таа понуда до властите.

Преговорите меѓу авганистанската влада и талибанците, кои започнаа во септември во Доха, сега се во застој.

Талибанците тврдат дека имаат 85 проценти од територијата, а авганистанските власти, кои останаа без американска поддршка, им пружаа мал отпор на бунтовниците и сега ги контролираат само провинциските метрополи и главните патишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот