-4 C
Скопје

Тајсон и Холифилд повторно во рингот!? (ВИДЕО)

Се објави рекламен постер, на кој пишува дека великаните на 11 јули ќе ги одмерат силите во Саудиска Арабија, во Дирија.

Поминаа 15 години од последната борба на Мајк Тајсон, но и на 53 години тренира како во неговите најдобри денови.

Како што веќе е познато, „Железниот Мајк“ преку тренинзите ја враќа формата пред најавените хуманитарни борби.

Но, уште една американска боксерка легенда одлично се подготвува, станува збор за 57-годишниот Ивандер Холифилд. Медиумите веќе предвидуваат нова трета борба помеѓу овие двајца великани..

Неговите луѓе разговараат со моите луѓе, и натаму нема договор, но се работи на тоа. Доколку се случи тоа, нема проблем. И двајцата започнавме нешто, луѓето најавуваат дека се враќаме во рингот поради меѓусебните борби. Не би имал ништо против – рече Холифилд.

Прочитајте и...  Со три бода во главната фаза, Хрватите подобри и од Катар!

Во претходните две меѓусебни борби, во 1996 година Холифилд триумфираше и така ја освои титулата во тешка категорија со технички нокдаун во 11 рунда, а една година подоцна истата ја одбрани, Тајсон беше дисквалификуван откако во третата рунда поради гризнување на дел од увото на Холифилд.

Ништо не е сигурно и официјално, но на интернет веќе се појави најава од нивната борба, односно рекламен постер, на кој пишува дека на 11 јули ќе ги одмерат силите во Саудиска Арабија, во Дирија, на истото место на кое минатата есен се бореа Ентони Џошуа и Енди Руиз.

Поврзани вести

Со три бода во главната фаза, Хрватите подобри и од Катар!

Слободен печат

Ибрахимовиќ: Заедно со Манџукиќ ќе ги плашиме противниците!

Слободен печат

Летните Олимписки игри нема да се одржат ни во 2021 година!?

Слободен печат

Благотиншек: Имавме големи проблеми во минатото со Македонците!

Слободен печат

ВИДЕО: Поради неспортскиот потег Меси суспендиран на два меча!

Слободен печат

Рубин Хебај е првото зимско засилување на Шкендија

Слободен печат

Остави Коментар