Тајно се ожени и не се одвојува од неа: Шон Пен сликан со 32 години помладата сопруга (ФОТО)

Фото: Профимедиа

На холивудскиот заводник му цветаат рози во бракот кој неодамна го склопи…

Холивудскиот актер Шон Пен (60) пред два месеци тајно застана на лудиот камен со младата актерка Лејла Џорџ (28) со која беше во врска од 2016 година.

Новопечените сопружници се сликани пред еден ресторан во Малибу каде што вечераа.

Фото: Профимедиа

Тие не го оттргнуваа погледот еден од друг, па така на сите јасно им покааа дека разликата од три децении ниту малку не им пречи.

Инаку, кога актерот пред четири години ја започна романсата со Лејла многумина беа во шок. Сите зборуваа за големата разлика во годините меѓу холивудскиот актер и помладата ќерка на актеркиот пар Грета Скачи (56) и Винсент Д`Oнофрио (57).

Фото: Профимедиа

Никој не ни можеше да замисли дека оваа врска ќе потрае, а не па дека ќе дојде до брак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот