Тајните на Корејците на 50 години да изгледаат 30 години помлади

Profimedia

На Исток соиното млеко го користат и во домашните и во професионалните козметички препарати.

Корејците знаат како и на 50 години да изгледаат 30 години помлади. Нивната кожа сјае од здравје. Дури и мажите користат специјална козметика и знаат многу трикови како секогаш да изгледаат добро. Еве кои се тајните на Корејците за младешкиот и негуван изглед:

-За кожата да биде чиста, здрава и свежа, хидрантна крема се нанесува 10 секунди по туширањето. Порите после туширање се шират и кремата побрзо се впива во кожата.

-Се покрива лицето со фротирна крпа натопена во врела вода и нежно се масира. После 15 минути се трга и се нанесува природно, хранливо улје. Ова ја забрзува циркулацијата, ги отвора порите и помага кожата да диши.

-Пена за бричење ставаат на мозолчиња и благо масираат со прстите. Пената стои 5-10 мин ути, а потоа го мијат лицето. Девојките во Кореја веруваат дека машката пена за бричење е едно од најдобрите средства против, акни, бидејќи има антисептичко дејство.

-Алгите ги користат наместо хранливи креми. Доволно е да земете неколку листови алги, да ги ставите во топла вода, а потоа да ги ставите на лице 15 минути.  Во алгите има многу витамини и состојки кои се корисни за кожата , ја прават млада и имаат антибактериско дејство.

-Рецептот за тоник за проблематична кожа е едноставен: 1 голема лажица морска сол во една часа топла вода добро се промешува. Натопете туферче со овој раствор и протријте го лицето. Морската сол ја дезинфицира кожата и ја смирува воспалената кожа. Лицето изгледа посвежо, но ненанесувајте на рани или повредени места.

-На Исток соиното млеко го користат и во домашните и во професионалните козметички препарати. Еден од најстарите и наједноставните рeцепти е да натопите газа во соино млеко, да го ставите на чисто лице и да го оставите 15-20 минути. Ова правете го еднаш до двапати неделно.

-Лимонот се сече на половина и се цеди. Потоа со туфери се нанесува на потемни делови од кожата неколкупати неделно. Лимонската киселина дејствува како пилинг, ги отстранува мртвите клетки, или ги прави помалку видливи, ги чисти маснотиите и нечистотиите. Витамин Ц продира длабоко, го стимулира колагенот и ја прави кожата еластична. Ако ви е чувствителна кожата треба да бидете внимателни при користењето на овој метод.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот