Тајниот протокол за смртта на кралицата Елизабета Втора: Лондонскиот мост падна!

ЕПА

Кралицата Елизабета Втора одлично си ја извршува својата должност на 94 години, и сè уште редовно се појавува во јавноста. Елизабета владее цели 68 години со монархијата, а нејзината смрт е нешто што мора да има план.

Колку и да звучи морбидно, смртта мора да се испланира – особено ако сте глава на најпознатото кралско семејство во светот. Пред неколку години, британската јавност дозна извештаи за таен протокол, како и внимателно дизајнирана постапка во случај на смрт на кралицата Елизабета Втора.

Instagram

Информациите наводно ги добиле крадците на лаптопот на поранешен вработен во Бакингемската палата. 

Официјалниот став за смртта на кралицата е – не спомнувајте ги зборовите „кралица“ и „смрт“ во иста реченица. Веднаш штом ќе пристигне веста за смртта, британските власти ќе го користат тајниот код „Лондонскиот мост падна“ (London Bridge is down), за да можат да ги информираат сите што треба да ги знаат тие информации, без да ја вознемират јавноста.

ЕПА

Тој код ќе започне цела низа настани и процедури за тоа како вестите ќе бидат соопштени до јавноста. Бидејќи кралицата е сè уште неверојатно популарна, а судот имаше можност да види масовна реакција на смртта на член на семејство по смртта на принцезата Дајана, се очекува овој настан да предизвика уште поголема тага од трагедијата во 1997 година.

Кралицата не е само кралица на Обединетото Кралство, туку е и кралица на уште 16 други земји, така што милиони луѓе ширум светот се очекува да тагуваат со денови.

Соопштение за јавноста и погреб

Profimedia

Првите вести, секако, ќе бидат објавени од самата палата, а после тоа веднаш ќе бидат емитувани на Би-Би-Си, прекинувајќи ја целата претходна програма. После гафот направен во 2002 година, кога водителот на Би-Би-Си, Питер Сисон, ja објави смртта на мајката на кралицата во црвена вратоврска, на сите презентери им беа дадени црни вратоврски за да им бидат при рака.

Експертите претпоставуваат дека погребот ќе биде организиран околу 12 дена, а кралицата ќе има државен погреб чии трошоци ќе ги сноси целата монархија. Додека над 2,5 милијарди луѓе го гледаа погребот на принцезата Дијана, се претпоставува дека оној на кралицата ќе го гледаат уште повеќе од нив.

профимедиа

Берзата, како и банките, ќе бидат затворени на денот на погребот. Помеѓу погребот и новото крунисување може да трае една година и за тоа време, бројните државни симболи ќе бидат редизајнирани – од банкноти и монети, до поштенски марки. Исто така, зборовите на химната, кои денес гласат: „Боже, чувај ја кралицата“, ќе треба да се променат во „Боже, чувај го кралот“.

Прашањето за наследството не е целосно јасно, односно решено. Иако следниот во редот за наследување е принцот Чарлс (71), многумина шпекулираат дека неговиот син, многу попопуларниот Вилијам (38), ќе ја наследи круната. Ова ќе ја прескокне директната линија на наследство, а извори блиски до палатата откриваат дека нема шанси тоа да се случи.

Ковчегот на нејзиното височество ќе лежи во салата Вестминстер четири дена за да може јавноста да ѝ оддаде почит.

Повеќе од 200.000 луѓе и оддадоа почит на Мајката Кралица кога нејзиното тело беше поставено три дена.

По ова, се очекува телото да биде положено во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор, каде што се закопани и кралицата Мајка и нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот