Тахири: Последната седница на Собранието е противуставна, сакаме да ја откажеме

Фото Архива на СП

Шефот на пратеничката група на ДПК, Абељард Тахири, најави дека последната пленарна седница на косовскиот Парламент, одржана на 13 јули, е свикана спротивно на Уставот и Деловникот на Собранието и дека таа треба да биде поништена, како и сите одлуки донесени тој ден. Тахири на Фејсбук изјави дека ДПК побарала од Уставниот суд целосно да ја откаже седницата.

„Покрај барањето за откажување на оваа седница и одлуките што беа донесени на неа, побаравме и времена мерка, со цел да се прекине дејството на сите одлуки кои произлегоа од оваа неуставна седница до конечната одлука на Уставниот суд. Оценуваме дека претседателот на Собранието го прекрши Уставот, прво со непочитување на рокот за свикување и закажување на пленарна седница и второ, со тоа што не го достави на усвојување дневниот ред за оваа седница“, вели Тахири.

Тахири додаде дека и покрај ваквата постапка на претседателот на Собранието, одржана е седница на која се донесени закони и предлог закони како и други одлуки за избор и разрешување на носители на уставни и независни институции, што според него мора да има уставни последици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот