Тагува кошаркарскиот свет, почина легендарниот Бил Расел

Бил Расел со Бостон селтикс беше 11 пати НБА шампион/Фото: EPA/PAUL BUCK CORBIS OUT

Легендарниот НБА кошаркар Бил Расел почина во неделата на 88-годишна возраст. Расел се прослави во дресот на Бостон Селтикс со кој 11 пати беше шампион во НБА лигата.

Вкупно пет пати беше прогласуван за најкорисен играч во НБА лигата. На Ол-стар натпреварите учествуваше 12 пати.

Уникатниот кошаркар беше еден од темелите на династијата Селтикси, а во својата 13-годишна кариера освои 11 трофеи.

Расел е член на Кошаркарската куќа на славните во Спрингфилд и член на Куќата на славните на ФИБА, а од 2009 година наградата за најкорисен играч на финалето на НБА е именувана по него.

Тој е еден од само четворицата играчи во историјата кој се наоѓа во Ол-стар тимот“ по повод 25-годишнината на НЦАА во 1971 година, во Ол-стар тимот по повод 35-годишнината на НБА лигата во 1980 година, а во 1996 година беше прогласен за еден од најдобрите 50 играчи во историјата на лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот